Македонија
9. December 2015 - 11:04

ВМРО-ДПМНЕ: Премиерот Груевски поради работни обврски ќе се обрати пред Анкетната комисија на 14 декември

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на партијата и премиер на Владата на Република Македонија Никола Груевски, поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија на 14 декември и ќе се обрати пред пратениците од Комисијата.