Македонија
10. February 2018 - 16:26

ВМРО-ДПМНЕ предлага проекти кои може да се реализираат со 5-те милиони евра со кои Шилегов ќе ги сели галиите

Наместо 5 милиони за дислокација на Галиите од Вардар, Шилегов парите да ги искористи за реалните  потреби на граѓаните.

Од ВМРО ДПМНЕ му предлагаат на скопскиот градоначалник милионите кои сака да ги потроши на рушење на веќе постоечки објекти, да инвестира во изградба на канализација во население места Гоце Делчев, Трубарево, Идризово, Јурумлери и Дрма.

Советниците од опозицијата велат овој проект ќе беше завршен доколку тие раководеа и натаму со општината, бидејќи претходниот градоначалник ја изгради препумпната станица.  

Доколку Шилегов сака да ги дислоцира Галиите, од опозициската партија му порачаа тоа да го направи со сопствени пари.

Инаку скопскиот градоначалник најави дека е отпочнат налог за дислокација на трите галии од Вардар но не објасни како и кога.

Покрај галиите Шилегов размислува и за уривање на мостот за панорамското тркало за што исто така ќе бидат искористени голем дел од граѓанските пари со кои располага градската каса.