Македонија
11. July 2016 - 16:44

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност од Заев за скандалот со „Цареви кули“

Зоран Заев е фатен во криминал и молчи за бесправното, незаконско и криминално легализирање на хациендите Цареви Кули, потенцираше Васил Пишев од ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот од Струмица презентирајки документи тврди дека фактите покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година.

-Повторно, се работи за бизнисмен кој е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Тој е дел од доброто познатата тендер мрежа на кланот Заеви. Не од било кој, туку лично со потписот на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зоран За­ев хо­тел­ски­от комп­лекс „Ца­ре­ви ку­ли“ противзаконски е ле­га­ли­зи­ран на 3.7.2013 го­ди­на. Значи ова е тој документ, каде Заев со свој потпис става печат на овој голем криминал, изјави Васил Пишев од ВМРО ДПМНЕ.

Според Пишев документите покажуваат дека на терен објектот уште не бил изграден кога законот овозможувал легализација. Тоа можело да се види и на сателитски фотографии. На 10 март 2011 таков објект не постоел.

- Во ју­ни 2013 го­ди­на комп­ле­ксот е све­че­но отво­рен. Во за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред март 2011 го­ди­на. Или пре­циз­но, ка­ко што стои во за­ко­нот, ус­лов е об­је­ктот што тре­ба да се ле­га­ли­зи­ра да е из­гра­ден зак­луч­но со 3 март 2011 го­ди­на. Значи според фактичката состојба било извлечено број за легализација од општината Струмица во 2011та година, а објектот бил изграден во 2013та година. Значи имаме класично изигрување на заканот што повлекува кривична одговорност, тврди Пишев од ВМРО ДПМНЕ.

За ВМРО ДПМНЕ ова е нов голем скандал на струмичкиот градоначалник и бараат негова одговорност.