Македонија
17. March 2018 - 16:07

ВМРО-ДПМНЕ најавува жестока политичка пролет - протести во мај и предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ тргнува во одлучувачки поход за рушење на власта на СДСМ и ДУИ, најави вчера лидерот Мицкоски во интервју за Алфа.

Мицкоски вели дека уште во мај, ВМРО-ДПМНЕ излегува на улиците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше политиката на како што рече распродавање на националните интереси, додавајќи дека економските резултати покажуваат Владата нема капацитет да ги решава проблемите на граѓаните.

Реагираа од Бихаќка, порачувајќи му на Мицкоски да ги напушти политиките на поделби и конфликти кои му донеле пораз на последните избори.

„Никола Груевски и неговите погубни политики се минато, граѓаните им кажаа НЕ во неколку наврати.

Време е за реформи што обезбедуваат економски раст, интеграција и едно општество за сите. ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите и евроатлантските интеграции, а со тоа да поддржи подобар живот на граѓаните.

-Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани.“ – стои во писмената реакција на СДСМ