Македонија
14. January 2017 - 14:50

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните ветувања на СДСМ казнети на избори

Лажните ветувања на СДСМ беа казнети на последните избори на 11-ти декември. Граѓаните ја препознаа неискреноста на СДСМ, а од друга страна гласаа за издржаната понуда која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја понудија и затоа над  455 илјади граѓани дадоа поддршка на програмата Реално. 

Тоа го наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ во однос на нивната мерка секое четиричлено семејство без приход да добива месечно по 12.000 денари од државата.

Економската нелогичност на ова ветување на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев, стои во реакцијата, беше верификувано на избори. СДСМ и Зоран Заев наместо да понудеа издржани проекти кои ќе ја зголемеа вработеноста во државата, неискрено и лажно ветуваа приходи кои се исти или повисоки примања од минималната плата.

- Апсурдноста на овој проект е повеќе од јасна. Но истовремено е јасно дека СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев немаат никаков издржан концепт за водење економска политика. Што впрочем да се очекува од политичката опција која зад себе нема апсолутно никакви економски успеси. Да знаеше Заев како, веројатно во Струмица ќе привлечеше инвеститори во ливадата во Сачево која ја нарекува индустриската зона и во која ветуваше 300 фабрики и 3.000 работни места, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.