ВМРО-ДПМНЕ: Лагите излегуваат на површина
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение порачува дека Зоран Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии.
- Заев од една страна го лаже народот дека ќе застане во заштита на националните интереси, а од друга страна не се откажува од реализирањето на тиранската платформа. При вчерашната прес-конференција неговиот коалициски партнер Зијадин Села изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од претседателот Иванов. За Села откажувањето од тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца, се вели во соопштението од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ и народот, се додава во соопштението, знае колку тежи зборот на Зоран Заев.
- Многу пати Заев едно зборувал, а друго правел. Многу пати Заев едно ќе кажел преку ден, а веќе друго кажува следниот ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија