Македонија
30. November 2015 - 19:12

ВМРО-ДПМНЕ контра предлозите на СДСМ за целосна партизација на медиумите

Со дијаметрално спротивставени ставови партиите преговараат за регулирање на медиумската сфера.

СДСМ потврди дека останува на своите предлози со кои се воведува целосна партизација и тоталитаризам во медиумите. Првиот човек на Центарот за комукации на опзоициската партија вели дека иако нивните предлози не произлегуваат од европските искуства сепак се потребни предизборите во април.

СДСМ предлага Агенцијата за медиуми да ја предводи партиско решение од Бихаќка со широки овластувања да казнува и гаси медиуми и да забранува на новинари да ја вршат својата професија. И раководството на МРТВ бараат да се бира по партиски клуч.

За ВМРО ДПМНЕ овие предлози се неприфатливи и оценуваат дека се помалку демократски и од Северна Кореја.

ВМРО ДПМНЕ предлага широка општествена контрола на медиумите преку зголемување на бројот на претставници на новинарските здруженија во Агенцијата за медиуми и Советот на МРТВ. По еден претставник би имале и Комисијата за заштита од дискриминација, МПЦ, ИВЗ и шефот на државата. Во советот на МТВ место ќе добие и синдикатот на новинарите од јавниот сервис.

Владејачката партија бара и намалување на казните за медиумите и новинарите и нивно усогласување со законот за прекршоци. Велат дека целта е да се поттикне саморегулацијата и да се спречи партиската контрола врз слободните медиуми.

Доколку за СДСМ се неприфатливи нивните предлози, ВМРО ДПМЕ предлага да се избере било кој закон од Европската Унија и да се усвои и примени во Макеоднија. Од СДСМ нема  конкретен одговор зошто би отфрлиле во земјава да се донесе закон усогласен со Европската Унија.

Вчера и новинарските и медиумски организации и независните експерти оценија дека предлозите на СДСМ се неприфатливи и дека ќе воведат партиска цензура врз медиумите.