ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на Заев за медиумите
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев побара опозициската партија и нејзиниот лидер „да ги остават банките и медиумите и да престанат со закани кон секој што не ја споделува нивната деструктивност“.
ВМРО-ДПМНЕ го осудува денешниот обид на Зоран Заев и СДСМ, се вели во реакцијата, да ја укинат слободата на говор прогласувајќи ги медиумите за непријатели и да ја укинат слободата на деловно одлучување со закани и предупредувања кон банките кои би учествувале во аукцијата на државните записи“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ денеска манифестирале невидена дрскост и деструктивност и се обиделе да им се одмаздат на земјоделците, пензионерите, социјалните случаи и другите категории граѓани преку директно мешање во деловната политика на банките.
- Тие им се заканија на банките дека мора да го следат диктатот од Бихаќка бидејќи партијата имала во иднина и други механизми како да ја влијае врз нивното работење, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ функционира единствено со максимата „колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за СДСМ“. Република Македонија, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, е четврта најниско задолжена земја во Европа и пред влегувањето на СДСМ во власта не постоеја никакви проблеми при исплатата на обврските на државата кон сите групи на граѓани.
- Зоран Заев постави свои министри и заменици министри во пет ресори и граѓаните веднаш ја гледаат разликата. Блокади, проблеми и деструкција. Тоа е СДСМ. Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес ги открија намерите зад фашистичкиот предлог на Закон за медиуми. Медиумите биле непријатели на Заев и СДСМ и затоа партијата требала да се пресмета со нив. Срамно и недолично, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот