Македонија
15. March 2017 - 16:11

ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме СДСМ да се откаже од платформата

ВМРО-ДПМНЕ смета дека за излез од целата ситуација е потребно СДСМ и Зоран Заев да соберат храброст и да ја отфрлат платформата.

- Еве го охрабруваме Зоран Заев повторно. Нека ја одбие тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка да формира влада. Доколку аболицираниот Зоран Заев се уште смета дека елементите од тиранската платформа треба да се прифатат, тогаш за да не ги измами граѓаните повторно како на последните избори, нека прифати парламентарни избори заедно со локални и нека ги вклучи елементите од платформата во својата програма. Изборите се најдобрата и најшироката дебата по однос на овие елементи, која може Заев да ја направи, истакна  Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.