Македонија
9. January 2017 - 16:24

ВМРО-ДПМНЕ: Фирма во семејна куќа во Драчево со само еден вработен продава двојно поскап гас во Струмица

Во семејна куќа во Драчево е регистрирана фирма од каде се продава гас во Струмица и тоа по дупло поскапа цена од пазарната обвинува ВМРО ДПМНЕ. Заев преку својот пријател Митко Андреевски регистрирал фирма на име на неговата сопруга, Билјана Станголева, во семејната куќа на улица Атанас Раздолов, во населбата Драчево сопственост на нејзините родители. Фирма без имот  со само еден вработен и главен дистрибутер на гас во Струмица врти милиони секоја година велат од ВМРО ДПМНЕ. Според партијата,  од 2011 до сега СДСМ преку Си ен џи системс од општинската каса на струмица има инкасирано 2ипол милиони евра преку три тендери кои се единствено направени за набавка на гас во Струмица.

„Општина Струмица за 1 м3 плаќа 24 денари, додека пак ЕЛЕМ кој набавува гас за греење за скопјани плаќа 13 денари за 1 м3 и тоа е разлика од 11 денари за метар кубен. На овој начин фирмата на СДСМ Си-Ен-Џи инкасирала над 650.000 евра, пари на граѓаните.

 Митко Андреевски од партиски активист кое најголемо достигнување му било да работи против сопствениот народ и да манипулира со јавното мислење во емисијата „Чуму” гласајќи во полза на територијалната поделба, притоа праќајќи СМС-пораки од службен телефон во министерството за одбрана и оштетувајќи ја илјадници евра државата, денес станува дел од милионскиот криминален бизнис на кланот Заеви преку кој се испумпуваат парите на струмичани.

 Ова е начинот на кој Заев сака да ја гасифицира цела држава, збогатувајќи се на грбот на граѓаните. Ова е „бонбона бизнис” за неговото семејство, додека пак Куманово веќе неколку недели е најзагаден град во Европа“, изјави Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

 Вечер објави документи од кои се гледа  билансот на фирмта регистрирана во семејната куќа во  Драчево. Во 2016 600 000 евра, во 2013- 1.920 000 евра а за 2011 нема податоци.  Од  објавените документите, се гледа дека во фирмата има само еден вработен а тоа е токму Митко Андреевски, што потврдува деа се работи за фантомска фирма која има единствена цел да извлекува пари од граѓаните на Струмица и без никаква услуга, само како трговска маржа некој да профитира милиони евра,  пишува Вечер.  Инаку директор на ЈП Струмица Гас е Митко Китанов, исто така кадар на СДСМ поставен од Заев. Вечер и претходно пишуваше за случајот Си ен џи и набавка на гас во Струмица. Според анализата на весникот и документите кои ги објавува, се гледа на каков начин се свртеле милиони од една обична семејна куќа. Општина Струмица досега направила само 3 набавки на гас преку 3 тендери. Во сите три случаи тендерот го добила фирмата на функционерот од СДСМ.Без тендерот во 2011година, за помалку од три години фирмата на Андреевски од општина Струмица земала 2 ипол милиони евра пари од граѓаните. Претходно директорот на Струмица ГАс Китанов, потврди дека цената на гасот кој го набавуваат е над 24 денари. Последните податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека оваа државна компанија која набавува гас за греење на скопјани, за истата количина на метар кубен плаќа 13 денари , што покажува дека партиската фирма на СДСМ прави чист ќар од 11 денари по метар кубен, стои во анализата на Вечер.  Математиката вели прек последниот тендер вреден 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, можела да купи над 2.8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата СИ ЕН ЏИ на Андреевски, би остварила чист профит од над 500 000 евра пишува Вечер,.

По пресот на партијата и документите објавени на Вечер, пристигна демант од Митко Андреевски во кој се вели,

„Чиста измислица е дека фирмата СИ ЕН ЏИ Системс била фантомска и нема вработени и опрема, бидејки оваа фирма, работи во партнерство со друштвото Галилео С.А и е застапник на други два светски познати компании, користи опрема во оперативен лизинг за реализација на работните проекти, а бројот на ангажирани лица во нив е 6, не 1.“ стои во писмото испратено од Митко Андреевски функционер во СДСМ.