Македонија
1. March 2017 - 16:11

ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш го повика СДСМ да се откаже од редефинирање на Македонија и платформата на албанските партии

СДСМ треба да го сфати историскиот моментум и да ги отфрли заканите и уцените од надвор, пред кои се наоѓа Македонија, но и самите тие како партија. ВМРО-ДПМНЕ и денеска му нуди на СДСМ поддршка за малцинска влада, посочувајќи дека граѓаните очекуваат да проработи совеста кај секој политички субјект, вклучително и кај Заев, во време кога постои сериозна закана по унитарниот и суверениот карактер на државата.

-Секое редефинирање на државата не им е во прилог ниту на Албанците, ни на Ромите, ни на Бошњаците, ни на Власите, ни на Србите, ни на Турците, а најмалку на Македонците во нашата татковина. СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја плати Република Македонија и македонскиот народ, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Социјалдемократите се уште остануваат на позициите за состав на влада откако добија поддршка од албанските патрии, чекајќи го мандатот од Претстедателот Иванов.

Во меѓувреме претсвнивиците на ДУИ тврдат дека во догвоорот со СДСМ се е дефинирано па и целосната платформа. Артан Груби во емисијата на ТВ 21, открива нови детали од договорот, во кој тврди дека за Заев и СДСМ целосно е прифатлива платформата.

Меѓу точките од платформата е и усвојување резолуција за осуда на геноцидот врз Албанците до 1956 година. Тема за која заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, вели дека лесно може да се постигне согласност.

На најавите за резолуција за осуда на српскиот геноцид врз Албанците во Македонија, веќе најави реакции и српската државата. Кон нив се приклучува и Милорад Додиќ.