Македонија
4. December 2017 - 16:25

Владата најави реформа на образовниот процес

Ќе се намалува бројот на предмети во основното и средно образование. Владата преку МОН почнала ревизија на наставните програми и на учебниците. Реформи се предвидени и за високото образование каде ќе има пократки студиски програми. Премиерот најави измени во законите во сите нивоа на образовниот процес, обраќајки се на конференцијата за развој на образованието која ја организира УНИЦЕФ.

На Македонија и е потребен систем кој во иднина само ќе се надоградува а не постојано да се менува порача Заев.

 - Следната година ќе почне и опремувањето на основните и средните училишта со современи лаборатории. планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата. Учениците да можат да ги стекнуваат знаењата на училиште. ќе ги ослободиме од психолошките притисоци ,.

Првите реформи ќе се однесуваат на наставните програми од прво до трето одделение за што во брзо време ќе се отвори јавна дебата. Целта е да се понуди квалитетно образование особено во делот на јазичната и математичка писменост каде Македонија е најслабо рангирана. Првите реформи најверојатно  ќе бидат воведени во неколку училишта како пилот проект. Со овие промени ќе се менува и начинот  на оценување.

Според првиот човек на УНИЏЕФ потенцира дека многу е важно и предучилишното образование кое го стекнуваат најмладите. Потребни се генерации кои ќе бидат подготвени за свет кој никогаш не престанува да се менува.

На конференцијата  квалитетно  образование за раст, резултати и подобра иднина присуствуваа околу 500 учесници, меѓународни експерти и професори од УСАИД, Светска банка како и од земјите од регионот