Бизнис
9. July 2015 - 20:02

ВИП и ОНЕ се спојуваат со обврска да донесат уште два виртуелни оператори

Исти цени за корисниците, зголемена понуда,  подобра мрежа, нови знаења и  вештини. Ова ќе бидат придобивките од спојувањето на ВИП и ОНЕ. Целиот процес ќе финишира до крајот на годината, затоа што процедурата, поради доцната одлука на Комисијата за заштита на конкуретност – треба да се повтори.  Првиот човек на ВИП, Никола Љушев вели дека останува извршен директор на мобилниоит оператор – а  целиот процес на спојување се очекува да заврши за една до две години.  

До тогаш – сите вработени ќе останат на работа, После ќе се види каде има потреба да се кратат, а каде да се зголеми бројот на лица. Комисијата за заштита на конкуренцијата – за да овозможи спојување побара безброј услови – мобилните оператори мора да најдат и донесат најмалку по еден витруелен оператор, кој би започнал со давање услуги по 9 месеци од  официјалното спојување на ВИП и ОНЕ. Тоа значи влез на најмалку 2 витруелни оператори, кои  според Љушев нема да биде тешко да се најдат – затоа што веќе се  преговара и имаат потпишано писмо за намери со заинтересирани компании.

Првиот човек на Вип вели – ги чека тешко и напорно интензивно лето. Ќе работат  на зголемување на бројот на корисници, затоа што  импулсот никогаш не бил поевтин.  Открива дека во просек македонците трошат по 100 денари месечно