Тенис
27. јуни 2017 - 19:31

Вимблдон: Ѓорческа најверојатно утре на терен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не доби шанса денеска да се појави на терените на Вимблдон. Дождот ја прекина денешната програма, па мечот на нашата тенсиерка со првата носителка во квалификациите Александра Круниќ од Србија е префрлен за утре.
Мечот останува да се игра на теренот број 15, но откако ќе заврши мечот во машка конкуренција, кој е прекинат. 
Ѓорческа за утре има уште еден меч, во конкуренција на двојки во првото квалификациско коло со Полина Монова од Русија ќе играат против осмите носителки Американките Ешли Вајнхолд и Кејтлин Ворски.