Македонија
27. September 2016 - 8:57

Вицепремиерот Адеми во посета на Франција

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми  денеска ќе престојува во работна посета на Франција.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Адеми ќе оствари средба со Државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Република Франција Арлем Дезир, како и  средба со Комисијата за европски прашања во Сенатот и обраќање пред  Комисијата за европски прашања во  Националното Собрание на Франција.