Велигденска честитка од претседателот Иванов до сите христијански верници

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитка до сите христијански верници посакувајќи им добро здравје, благосостојба и духовен мир.
- Во деновите кога го славиме победителот на смртта да се присетиме дека Христовото воскресение е основа на спасението. Со овој чин Спасителот ни дарува слобода во љубовта, избавувајќи нè од смртта и дарувајќи ни живот. Затоа, Пасха, како што уште се нарекува Христовото воскресение, значи премин – смилување, чудо на сите чуда, божји дар и благослов. Да се верува во Синот Божји значи да се има непоколеблива надеж и искрено покајание, пишува во честитката Иванов.
Додава дека треба да се присетиме на Евангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото.
- Нема поблагословен ден од Велигден, затоа Ве повикувам, заеднички, да побараме разбирање, единство и братољубие меѓу нашиот христијански народ. Да се присетиме на Евангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото, истакнува Иванов.
Во велигденската честитка претседателот Иванов на сите христијански верници им посакува меѓусебно почитување, разбирање и љубов во срцето со верба во Бога.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
