„Вангардија“: Пуџдемон не се врати во Барселона од Брисел

Разрешениот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, не се врати во Барселона од Брисел, oбјави шпанскиот весник „Вангардија“. Во каталонската престолнина пристигнале само неговите поранешни советници, наведува весникот.
Весникот „Вангардија“, повикувајќи се на изјави на патници кои тврделе дека Пуџдемон е во нивниот авион, објави дека тој од Брисел се враќа во Барселона. Но, во Барселона пристигнале само поранешниот претседател на Каталонскиот совет за внатрешни работи, Јоаким Форн, и поранешната советничка за труд, социјални работи и семејство, Долорес Баша.
- Авионот веќе слета на аеродромот Ел Прат во Барселона. Во авионот сепак не се наоѓаше Карлес Пуџдемон, иако патници од истиот лет ги уверија новинарите од „Вангардија" во спротивното, напиша весникот.
Против Пуџдемон и неговите соработници е покренато обвинение за поттикнување на бунт, а секој од нив може да добие до 30 години затвор. Неодамна, Пуџдемон рече дека е подготвен да оди во затвор.
Ново на Сител
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
