Бизнис
12. November 2015 - 20:00

Ван Хул и Технохозе ќе ги прошируваат инвестициите во Македонија

Ван Хул и Техно Хозе ќе градат нови фабрики во земјава. Задоволни од досегашната работа тука донеле одлука да го прошират бизнисот,информираше премиерот Груевски при денешната посета на Охрид. Белгискиот производител на автобуси работи во Бунарџик а догодина ќе започне со изградбата на нов објект со што значително ќе го зголеми производството, бројот на вработени како и извозот од земјава. Истото ќе го направи и италијанскиот инвеститор Техно Хозе.

Груевски информираше дека интензивно се работи и на изградбата на фабриката на ОДВ Електрик во Охридско Струшката индустриска зона, а Костал ќе почне да вработува во погон на ЕМО од јануари. Предност ќе имаат поранешните работници од загубарот.

Ван Хул е една од најголемите странски инвестиции во земјава. Започна со работа пред 3 години и е прва фабрика од индустриските зони која произведува конечен готов производ. Техно Хозе која во Македонија е регистрирана под името Витек произведува гумени армирани црева кои ги испорачува на сите европски пазари.