Вајгл демантира: Никогаш не сум рекол ништо за Груевски и јас никогаш не ја редуцирам вината на одредено име
Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска во изјава за МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во телефонски разговор од неговата родна Словенија, Вајгл негираше дека воопшто споменувал некого индивидуално во однос на македонската политичка криза, камоли дека, според пишувањето на некои медиуми, тој пренесувал што Груевски нешто и некогаш му кажал на него.
- Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас не зборував за тоа. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за Нова ТВ (интернет сајт, н.з.), а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за натаму е и преку тоа што го прави Специјалното обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството, дека постои некаква индивидуална одговорност на било кого, тогаш тој се разбира дека ќе мора во правната држава за тоа да сноси консеквенци, дециден е Вајгл во телефонска изјава за МИА.
На прашањето дали тој лично во некоја изјава или интервју го споменал поранешниот премиер Груевски и нешто што наводно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го кажал лично, словенечниот европратеник децидно негира.
- Не, не сум зборувал такво нешто. Никаде не сум кажал такво нешто за некого лично, демантира Иво Вајгл.
Известувачот за Македонија во Европарламентот, за крај посочи дека се што тој лично изјавил е кажано директно во микрофон или на телевизија и дека истото е јавно и достапно. Но, според Вајгл, тоа нема директна врска со тоа што некои медиуми го пренеле како негова наводна изјава.
- Се што јас сум кажал и што директно сум го кажал и на телевизија, тоа е се јасно и достапно. Јас стојам на мислењето дека останувам во однос на внатрешните разлики во Македонија на неутрално ниво - завршува Иво Вајгл.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд