Балкан
24. May 2017 - 11:00

Утрово изгоре познат ресторан - 34 пожарникари спречувале да ги зафати и другите локали

На Ада Циганлија утрово околу 7 часот и 30 минути изгоре познат ресторан, а огнот се заканувал и на другите објекти, односно околните кафулиња. Со пожарот се справувале 13 возила, 34 пожарникари, а тој бил локализиран во 9 часот.

Според неофицијалните податоци, пожарот настанал по избувнување на плинска боца. За среќа повредени нема.

Повеќе детали се очекуваат подоцна.