Македонија
10. January 2024 - 8:13

Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.