-->
-->
Утре почнува турнирот на медиумите
-->
Од утре до недела во малата салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе биде реализиран традиционалниот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио 90,3 ФМ.
Вкупно 12 екипи ќе бидат поделени во 4 групи а првите две од секоја група ќе поминат во четвртфиналната фаза.
На турнирот оваа година настапуваат и екипите на СИТЕЛ ТВ и СИТЕЛ 3.
Состав на групите:
А група: МИА, Спортско радио 90,3 и Радио 5 ФМ.
Б група: МРТВ, Сител 3 и МПМ.
В група: Сител, Канал 5 и Алфа ТВ.
Г група: АЛСАТ М, МТВ 2 и ТВ Нова.
Покрај натпреварувачкиот дел, организаторот ќе понуди и голем број на ревијални средби во кои ќе се појават компании, основни училишта, новинарки, пејачки, спортски легенди, деца од фудбалските школи и многу други, со што дополнително ќе се збогати атрактивната понуда. Влезот во салата ќе биде слободен.
Во првото коло на 14 декември ќе играат.
(17.00 часот) АЛСАТ М - МТВ 2,
(17.40) ревијална меѓу СЕПУГС и В.А.Дрен,
(18.20) Спортско радио 90,3 - Радио 5 ФМ,
(19.00) компании полуфинале меѓу Астра Казино и Тотал ТВ,
(19.40 ) Канал 5 – Алфа ТВ и
(20.20) МРТВ - Сител 3.
Екипата на СИТЕЛ првиот натпревар го игра во четврток (15.декември) со почеток од 15:40 часот против екипата на Канал 5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава