Македонија
24. January 2017 - 16:55

Успешна 2016 за реализираните проекти денеска во отчетот за сработеното ја оцени градоначалникот на Скопје

Изградба на кружен тек, булевари, реконструкција на улици, водовод , канализациони мрежи и паркови се бројните проекти кои град скопје ги реализираше во 2016та. Трајановски во отчетото за сработеното рече дека минатата година била многу успешна за градот кој завршил голем број капитални проекти во сите 10 општини во Скопје. Лани се отпочнати реконструкцијата и поширувањето на булеварот борис трајковски и пробивањето на  Булевар србија до христо татарчев кои е предвидено да завршат оваа година. Годинава Трајановски најави и поврзување на општина Кисела Вода со населба Аеродром преку улица Есенинова. Во Аеродром се отпочнати две изградби на бул Асном и втора фаза од Трета македонска бригада , како и паркот кој ќе се простира на површина од 100 000 м2 на последна 5-ка, кој ќе биде втор по големина по градскиот парк. 

- Во Гази Баба во 2016 година го изградивме најголемиот кружен тек во Скопје помеѓу улиците 16 Македонска бригада и Коце Металец, го изградивме натпатникот на бул. Александар Македонски помеѓу населбите Инџиково и Хиподром, а ја завршивме и првата фаза од проектот за проширување на улица Маџари. Во 2017 година е предвидена реконструкција и проширување на бул. Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант....

Во Шуто Оризари е завршен водоснадбиталниот систем а ќе се гради и атмосерска канализација. Во Ѓорче петров заврши пробивањето на партизанска до црквата св петар и павле, пробиени се и улиците борис сарафов и ѓорче петров.

– Во Општина Сарај во 2016 година целосно ги реконструиравме улицата број 5, како и главната улица во Шишево, а ја започнавме и реконструкцијата на првиот дел од главната улица во Сарај, која ќе заврши оваа година. Во 2017 година планираме да ја започнеме реконструкцијата на вториот дел од улица Сарај, како и главната улица во селото Глумово.Во Општина Карпош во 2016 година ја започнавме изградбата на фекалниот колектор долж бул. Партизански Одреди, на потег од ул. Московска до бул. 8 Септември, како и проширувањето на крстосницата помеѓу бул. Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Васил Чакаларов, чии реализации ќе завршат оваа година. Минатата година го изградивме и третиот дел од паркот Македонија, кој е лоциран спроти студентскиот дом Гоце Делчев. Во Општина Центар во 2016 година ја започнавме првата фаза од проектот за реконстуркција и проширување на улицата Тодор Александров, која треба да заврши оваа година, додека за 2017 година е планиран почетокот на проширувањето на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со бул. Свети Климент Охридски до турбо кружната крстосница кај Католичката црква .

Приоритет за градот Скопје и натаму останува сообраќајот, но Трајановски најави и инвестиции во екологијата, образованието, спортот, културата.