Македонија
24. March 2017 - 16:39

Уште едно 4 годишно дете заврши во болница гризнато на 4 места од куче

Со рани од заби на главата, рамото и нозете четири годишно детенце уторово било примено на хируршкото одделение во кавадаречката болница. Го нападнало куче во месноста Калдрама во Неготино. Околу осум часот утророто играјки си во дворот на својата баба ја преминало оградата од имотот на соседот каде имало две врзани кучиња. Едното од нив според сведоштвото на сопственикот на имотот почнало да го гриза четири годишното детенце. Тој веднаш притрчал на помош и детето го однел во во болницата во Неготино, од каде било пренесено на хируршкото одделение во Кавадарци.На терен попладнево излегол надлежен ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство. Како што информираат од таму, ниту едно од двете кучиња кои биле на имотот не било вакцинирано ниту пак биле микрочипирани. Животните се изолирани и ќе бидат под 15 дневен надзор.

Само на инфективната клиника во Скопје, месечно се регистрираат 50 до 100 случаи на каснувања од кучиња. Лекарите велат дека најважна е навремената реакција и соодветниот третман.

Во неделата на КАРИЛ почина четири годишното детенце од Кичевско Бачишта кое беше нападнато од глутница кучиња. Три дена лекарите се бореа но неуспеаа да го спасат неговиот живот.

Денеска од МВР информираа дека сопственикот на кучињата од Бачишта заработил кривична пријава за тешки дела против општата сигурност. Полицијата по истрагата утврдила дека тој е виновен затоа што во близина на неговото трло со овци пуштил неконторлирано да се движат опасни овчарски кучиња.