Македонија
27. October 2016 - 20:28

Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма

Интервјуто на Александар Чомовски со Слободан Богоевски беше интервју во кое беа искажани лаги се со цел да се изманипулира јавноста, во пресрет на изборите закажани на 11 декември.

Jавноста веќе многу добро ги препознава ваквите обиди за манипулација од страна на опозициските медиуми.

Слободан Богоевски во своите „5 минути слава“ вчера искажа безброј лаги, без ниту еден аргумент. Дел од нив веќе се докажани и во завршени судски предмети. ВМРО-ДПМНЕ и официјално најави дека против Богоевски ќе бидат покренати тужби за клевета, но медиумите под контрола на СДСМ/Сорос продолжуваат да ги шират лагите.

По однос на лажните тврдења на Богоески денеска со фото докази на својот Фејсбук профил реагираше Звонко Станковски, внук на Драган Богдановски, еден од основоположниците на современото ВМРО-ДПМНЕ.

Во приложените две фотографии јасно се гледа дека Сашо Мијалков е сликан, како што пишува Станковски, таткото на ВМРО-ДПМНЕ, односно Драган Богдановски.

zvonko

zvonko1