Ураганoт Мeтју досега однесе седум жртви
Седум лица ги загубија своите животи на Хаити и во Доминиканската Република во налетот на ураганот Метју, кој денеска се очекува да ја погоди и Куба.
Американскиот центар за следење урагани предупреди дека жариштето на ураганот се движи кон источните делови на Куба со брзина на ветрот од 220 километри на час.
Последниве неколку денови кубанските власти евакуираа над 300.000 граѓани од загрозените источни подрачја. Во земјата е прогласена и вонредна состојба.
Пред да се упати кон Куба, Метју, ураган од четврти степен според Сафир-Симпсоновата скала, предизвика смрт на најмалку три лица и голема материјална штета во Хаити. Југот од земјата е целосно отсечен. Училиштата ќе останат затворени до понеделник, но претседателските и парламентарните избори закажани за в недела не се откажани.
По Хаити, Метју ја погоди и соседната Доминиканска Република, при што загинаа четири лица и беше нанесена штета на приближно 200 живеалишта, соопштија локалните власти.
Ураганот се движи и кон Бахамите, по што се очекува да се насочи кон САД. Властите во Јужна Каролина веќе спроведуваат евакуација на еден милион жители. Првично, гувернерот на таа сојузна држава Ник Хејли воведе вонредна состојба.
Вонредна состојба е прогласена и во одредени области во Џорџија и Северна Каролина, а се очекува истото да се случи и на Флорида.
Метју се смета за најразорниот ураган во областа на Карибите во последните 10 години.
Ново на Сител
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија