Ураганот Хосе се приближува кон САД, издадено предупредување за тропска бура
Предупредување за тропска бура е објавено за дел од американската област Нова Англија, додека ураганот Хосе се приближува кон североисточниот брег на САД.
Националниот центар за урагани на САД, со седиште во Мајами, соопшти дека предупредувањето стапи во сила за делот кој се протега од Воч Хил во американската сојузна држава Роуд Ајланд до местото Хал во сојузната држава Масачусетс.
Се очекува дека бурата ќе остане вон брегот, но се предупредува дека во наредните неколку денови можни се крајбрежни поплави на подрачјето од сојузната држава Делавер до североисточната област Нова Англија.
Од Центарот во Мајами наведуваат дека се очекува мала промена на јачината во наредните 24 часа и дека бурата подоцна малку ќе ослабне.
Најсилните ветрови денеска беа речиси 120 километри на час.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци