Македонија
21. November 2017 - 16:30

Универзитетски професори по безбедност од балканските држави предупредуваат дека е можна нова мигрантска криза

Со затворањето на балканската рута не е прекинат протокот на мигранти низ земјите од балканот, смета академската заедница.. Универзитетски професори од факултетите за безбедност во Босна и Хрватска, велат дека не се исклучува можноста од нова мигрантска криза..

Според универзитетските професори, доаѓањето на мигрантите носи огромен ризик врз безбедноста на државите..

Инаку доказ дека и покрај затворањето на балканската рута има проток на мигранти се полициските билтени.. Месечно се откриваат по 30мина бегалци кои нелегално транзитираат низ Македонија..