Ракомет
18. January 2017 - 18:44

Унгарија и Египет се пласираа во 1/8-финалето

 
 
 Репрезентациите на Унгарија и Египет обезбедија пласман во осминафиналето на ракометното Светско првенство што се одржува во0 Франција. 
 
Во првите два натпревари од денешната програма Унгарија и Египет славеа победи во дуелите со Саудиска Арабија и Аргентина. 
 
Во мечот од Ц групата, Унгарците ја совладаа Саудиска Арабија со 34-24, а со новите два бода го осигураа најмалку четвртото место во групата, во која вечерва ќе играат и Белорусија – Германија и Хрватска – Чиле.
 
Меѓу шеснаесетте најдобри место обезбеди и Египет кој со 26-31 ја победи селекцијата на Аргентина во првиот меч од Д групата во која денеска на програмата се и средбите Данска – Бахреин и Шведска – Катар
 
Во единствениот натпревар денеска од Б група ќе играат Македонија и Шпанија и тоа во терминот од 20:45 часот. 
 
 
Табела - А група: Франција 8 бодови, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.
 
Табела - Б група: Словенија 7, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.
 
Табела - Ц група: Германија 6, Хрватска 6, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.
 
Табела - Д група: Данска 6, Египет 6, Шведска 4, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.