Македонија
10. July 2017 - 12:25

УХМР најавува период на топло време

Во наредните три дена продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.
 
Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната 
температура за околу 5 до 6 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд, кога ќе има со локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.