-->
-->
Убедлив пораз на Кливленд на гостувањето кај Торонто
-->
Вицепрвакот во НБА шампионатот Кливленд Кавалирс претрпе нов убедлив пораз, откако ноќеска на гостувањето во Торнонто загуби со 133-99.
Уште на полувремето домашниот тим создаде голема предност од 25 поени, која во вториот дел постепено и ја зголемуваше, за на крајот „Репторси“ да слават со убедливи 34 поени разлика. Дури седуммина играчи на Торонто средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Најмногу постигна Фред Ван Влет 22 што е негов рекорд во кариерата, додека забележителен настап имаше и Литванецот, Јонас Валанчиунас со дабл-дабл учинок од 15 поени и 18 скокови, најмногу сезонава.
На Кливленд не му помогна нити Леброн Џејмс кос со 26-те поени беше најефикасн на натпреварот. За Кливленд ова беше шести пораз на последните осум натпревари, со што „Кавси“ паднаа на третата позиција на табелата во Источната конференција, зад Бостон и синоќешниот противник Торонто.
Во другите две средби одиграни ноќеска победи остварија двете екипи од Лос Анџелес.
„Клиперси“ во ефикасен меч го совладаа Сакраменто на гостински терен со 121-115, додека „Лејкерси“ пред своите симпатизери славеа победа над Сан Антонио со 93-81.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток