Македонија
8. October 2015 - 20:06

Творечкиот пат на академик Томе Серафимовски на телевизиски фељтон

По повод 80 години од раѓањето на Академик Томе Серафимовски денеска во МАНУ, премиерно беше прикажан телевизискиот фељтон насловен “Извајан Балкан” во изработка на РТС, кој говори за животот, работата и трудовите на македонскиот скулптор со светска слава. Серафимовски посочи дека најголем инспиративен момент во неговото 60 годишно активно творештво е човекот, а најважни се трудот и работата.

Според Претседателот на МАНУ Владо Камбовски, академикот Томе Серафимовски е еден од најголемите и најпознатите македонски скулптори со универзални уметнички идеи и пораки.

Серафимовски досега има создадено повеќе од 600 дела, учествувал на околу 300 групни  и колективни изложби, а реализирал и над 30 самостојни изложби во земјата и странство, за кои добил многубројни награди и признанија. Во рамките на циклусот “Балканско соѕвездите”, Серафимовски моментално работи на скулптурата на Никола Тесла.