-->
-->
Турското МНР ја отфрли американската резолуција со осуда на судирите пред Амбасадата во Вашингтон
-->
Турското Министерство за надворешни работи ја отфрли резолуцијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, со која се осудуваат судирите меѓу демонстрантите и турските телохранители пред турската амбасада во Вашингтон, пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на турското МНР, Хусеин Муфтиоглу, синоќа изјави дека изгласаната резолуција е еднострана, што ги извртува фактите, и додава дека инцидентот, што се случи за време на минатонеделната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на САД, бил резултат на негрижата на американските власти.
- Инцидентот се случи како резултат на одбивањето на американските власти да ги преземат неопходните безбедносни мерки и покрај предупредувањата од турска страна, изјави Муфтиоглу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект