Туристичките водичи повторно ќе алармираат за ситуацијата во која се наоѓаат
Туристичките водичи и придружници кои поради ситуацијата со КОВИД-19 неколку месеци не ја извршуваат својата дејност, а голем дел од нив не остваруваат и дополнителни приходи, денеска на прес-конференција ќе информираат за актуелната состојба во која се наоѓаат.
Водичите ќе укажат и на важноста од изготвување протоколи за работа.
На прес конференцијата ќе се обратат претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП), Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ.
Пред една недела, Асоцијацијата пристапи во Сојузот на стопански комори (ССК) и јавно побара помош од државата за надминување на корона кризата. Туристичките водичи се пожалија дека трпат големи загуби поради откажаните аранжмани. Предлозите за нивно вклучување во економските мерки се официјално доставени до надлежните институции.
Ново на Сител
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање