Балкан
19. December 2017 - 23:50

Турција ќе поднесе резолуција за Ерусалим во Генералното собрание на ОН

Турција до Генералното собрание на ОН ќе поднесе резолуција, со која се повикува САД да ја повлече својата одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Резолуцијата беше поднесена вчера во Советот за безбедност на ОН од страна на Египет, кој е непостојана членка на Советот. САД ставија вето на резолуцијата, иако останатите четиринаесет земји членки ја поддржаа.

- Сега со Божјата волја, ние ќе поднесеме резолуцијата во Генералното собрание на ОН, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на Џибути Исмаил Омар Геле.

- Поддршка од две третини во Генералното собрание во реалноста ќе значи отфрлање на одлуката на Советот за безбедност, додаде Ердоган.