Тројца загинати во поплавите во Албанија
Албанските власти попладнево и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица,
Како што јави допсиникот на МИА, станува збор за лица од на вораст од 40 до 50 години од Клос, Сукт и Тирана.
Албанскиот премиер Еди Рама го свика Кризниот штаб. поради создадената ситуација во земјата по обилните и интензивни дождови. што од синоќа ја зафатија земјата.
Рама изјави дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со созадената ситуација, пред се да се спаси секој човечки живот.
- Сите структури под раководство на министрите и одговорните лица се ангажирани со цел на најдобар можен начин се справат со оваа, навистина, вонрена состојба, кога станува збор за дождовите, изјави Рама.
Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.
Семејство со малолетни деца попаднево било спасено од давење во Буел, откако во последен миг било евакуирано од армиски хеликоптер.
Зголемиот дотек на реките услови и зголемено ниво на вода во акумулациите на трите хидроелектрични централи на реката Црн Дрим, но според надлежните засега нема опасност за браните. Доколку интензитетот на дождот продолжи, не се исклучува можноста од исуштање на вода, со цел да не дојде до пукање на браните.
Ново на Сител
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата