Македонија
21. February 2018 - 14:58

Тројца скопјани каснати од кучиња скитници во Центар

Три лица од Скопје вчера и завчера биле каснати од кучиња скитници.

Во првиот случај 21-годишната Н.Р. од Скопје во полициската станица Центар пријавила дека завчера околу 16,20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник кое ја каснало на десната рака.

Во истата полициска станица Љ.Р. (59) од Скопје вчера пријавил дека истиот ден на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат од повеќе кучиња скитници, а едно од нив го каснало на десната нога.

Во третиот случај С.С. (36) од Скопје синоќа пријавила дека истиот ден околу 14 часот, во дворот на средното училиште „Илија Николовски Луј“ нејзината 15-годишна ќерка била нападната и касната од куче скитиник на левата рака.