Тројца повредени во 28 сообраќајни незгоди во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени се 28 сообраќајни незгоди, од кои во три тешко се повредени три лица, во 14 со полесни повреди се здобиле 21 лице, а 11 сообраќајки поминале само со материјална штета.
Како што информира МВР, во петокот Сообраќајната полиција извршила увид на 13 сообраќајни незгоди, од кои во две потешко се повредени еден возач и еден сопатник на мопед, во шест сообраќајки полесно се повредени 10 лица, а пет поминале само со материјална штета.
Во саботата извршен е увид во 10 сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице е потешко повреден, а во пет со полесни повреди се здобиле осум лица. Во четири е причинета само материјална штета.
Во Скопје вчера е извршен увид на пет сообраќајки, од кои во три полесно се повредени три лица, а две сообраќајки минале со материјална штета.
Викендов полицијата откри и санкционира 52 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, 25 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи поминале на црвено светло, како и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Санкционирани се и 65 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано, девет пешаци поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, како и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Биле затекнати и 112 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 129 возила.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа