-->
-->
Тринаесетта победа во низа на Хјустон
-->
Екипата на Хјустон не запра со одличните игри во НБА лигата. „Ракетите“ ноќеска ја остварија 13-тата побед во низа откако на домашен терен во неизвесен меч го совладаа Милвоки со 115-111.
Дури шестмина играчи кај домаќините средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу постигна Џејмс Харден 31, додека Крис Пол придодаде 26. Со „скор“ од 24 победи и само 4 порази тимот на Хјустон е најдобриот досега во НБА лигата.
И Бостон кој има трет најдобар резултат оствари победа, откако на гости го совлада Мемфис со 102-93. Кајри Ирвинг со 20 поени и 6 асистенции ги предводеше „Селтикси“ до 25-тата победа.
Кливленд ја победи Јута со 109-100, а на овој меч Леброн Џејмс оствари „трипл-дабл“ улинок со 29 поени, 11 скока и 10 асистенции, негов шести сезонава или вкупно 60-то во кариерата, со што го мина Лери Бирд на шестото место на вечната листа.
На останатите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати овие резултати: Шарлот - Портланд 91:93, Њујорк - Оклахома 111:96, Мајами - ЛА Клиперс 90:85, Минесота - Феникс 106:108, Сан Антонио - Далас 98:96, Мемфис - Бостон 93:102.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче