Три дена до крајот на изборната кампања
На три дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и во Куманово, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Шуто Оризари и Чаир.
Демократската партија на Албанците ќе има митинг во Струга.
Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе ја посети општина Карпош, каде ќе има средба со граѓани, а попладне ќе одржи митинг во општина Кисела Вода.
Коалицијата Алијанса за Албанците, според нивната изборна агенда, ќе одржи митинг во Гостивар.
Пред граѓаните во текот на денот ќе биде претставена изборната програма и од страна на носителите на кандидатски листи за пратеници.
Ново на Сител
-
76-годишник почина откако се превртел со трактор
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час