Свет
27. February 2017 - 10:33

Трамп во Белата куќа организираше свечена вечера за гувернерите

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа приреди свечена вечера за 46 гувернери, што претставува прв голем општествен настан на неговата администрација.

Претседателот им наздрави на гувернерите, кои на вечерата дојдоа со своите сопруги, а на првата дама и честита за елегантно приредениот дочек во свечената трпезарија на Белата куќа.

Трамп синоќа на гувернерите им порача дека на дневниот ред од состанокот со нив во Белата куќа можеби ќе се најдат и неговите планови за повлекување на Обамакер, законот за здравствена заштита што го воведе администрацијата на неговиот претходник Барак Обама.

Тој изјави и дека првите четири недели од извршувањето на претседателската функција за него биле многу забавни и дека администрацијата „завршила речиси се што почнала“, како и дека границите на САД сега се „посигурни и поцврсти“.