Трамп пристигна во посета на Израел и палестинските територии
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигнува во посета на Израел и на Западниот Брег, најавен со неговата мечта да успее таму каде сите негови претходници не успеаја - да постигнат мир меѓу Израелците и Палестинците, пренесоа француските медиуми.
Трамп, кој пристига од Ријад, веќе ги демантира очекувањата за ова прашање, откако на Палестиниците им даде повеќе надежи од предвиденото, и ја разочара израелската десница, која беше воодушевена од неговиот избор.
Пројавувајќи оптимизам, американскиот претседател за овој конфликт изјави дека е еден од најстарите во светот, дека тоа е „најтешкиот договор за постигнување“, „крајниот договор“ како што своевремено вети.
„Ние ќе го постигнеме“, кажа тој.
Тој, меѓутоа, претрпе критики од Израелците во врска со изјавата на Белата куќа за крајно чувствителната тема за статусот на Ерусалим.
Трамп е исправен и пред многу внатрешнополитички проблеми, почнувајќи од истрагата за можните тајни договори меѓу членовите на неговата предизборна екипа и Русија. Информациите, според кои Трамп со Русите споделил строго тајни разузнавачки сведоштва, што биле објавени од Израел, исто така, предизвикаа остри реакции.
- Има голема опасност оваа посета да не биде продуктивна заради хаосот и полемиката во Вашингтон во овој момент, за француските медиуми објасни порпаролот на американскиот амбасадор во Израел Дан Шапиро.
Пред да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, Трамп денеска се очекува да биде првиот актуелен американски претседател кој го посетил Ѕидот на плачот - најсветото место, на кое Евреите можат да се молат, што се наоѓа во окупираниот и анектиран Источен Ерусалим.
Израел го смета Ерусалим за своја неделива престолнина, а за Палестинците Источен Ерусалим е престолнината на државата, за која чезнеат.
Трамп утре ќе го посети градот Витлеем, на окупираниот Западен Брег, каде ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Потоа ќе го посети меморијалниот споменик на жртвите на Холокаустот „Јад Вашем“во Ерусалим и ќе одржи говор во Музејот на Израел.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп