Трамп: Нема американско државјанство за децата на илегалните мигранти
Еден од републканските претенденти за иден претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп изјави дека тој се злага за укинување на сегашното право на американско државјанство, што по автоматизам следува за децата родени во САД.
Според американскиот Устав, сите деца родени на територијата на САД, дури и ако нивните родители се илегални мигранти, добиваат државјанство. Трамп сега тврди дека таквата одредба во Уставот треба да се укине, оставајќи ја можноста, семејствата, чии деца се родени на американска територија, да може подоцна да се вратат во САД, доколу владата оцени дека тоа го заслужуваат.
Имигрантите и имигрантското прашање претставува доминантно прашање во кампањата на Трамп, а неговиот сегашен рејтинг покажува дека позициите што тој ги има околу имиграцијата им се прифатливи на домашните гласачи.
Тој смета дека треба да се зголеми таксата за добивање американска виза, а средствата што би се собрале од тоа, да се употребат за продолжување на изградбата на оградата на границата меѓу САД и Мексико.
- Мора да се запре имигрантскиот бран и тие луѓе мора да си заминат од САД, изјави Трамп за Ен-Би-Си.
Во изјавата за оваа американска телевизија, Трамп вели дека острата антиимигрантска политика е повеќе од потребна, затоа што, како што тврди, конечно е докажано оти криминалот е поврзан со имигрантите кои живеат илегално во САД.
Доналд Трамп кој засега води меѓу републиканските претенденти за номинакција за претседателските избори во 2016 година, заговара депортација на сите кои немаат регулиран статус во земјата
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“