Трамп: Го почитувам Путин, но не знам дали ќе се разбираме
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека го почитува рускиот претседател Владимир Путин, но тоа не значи дека двајцата добро ќе се разбираат, пренесоа ТАСС и ДПА.
Во интервјуто, чии делови беа објавени синоќа, водителот Бил О'Рајли го праша Трамп дали искажува почит кон Путин.
-Навистина го почитувам, но јас почитувам многу луѓе. Тоа не значи дека со него ќе се нагодувам. Дали со него ќе се разбираме? Немам идеја, одговори Трамп во интервјуто, кое ќе се емитува подоцна.
„Кажувам дека е подобро да се разбираме со Русија, отколку да не се разбираме . И доколку Русија ни помогне во борбата против Исламска држава, што е важна борба, и против исламскиот тероризам низ целиот свет - тоа ќе биде добро“, продолжи Трамп.
-Но, тој (Путин) е убиец!, извика водителот.
„Има многу убијци. И ние имаме многу убијци. Што си мислите? Дека нашата земја е толку невина?“, возврати претседателот.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки