Трамп го издејствувал одлагање на египетската резолуција во ОН против Израел

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го убедил шефот на египетската држава Абдул Фатах ал Сиси да ја одложи резолуцијата предложена во ОН од владата на Египет за израелските населби на Западниот брег и источен Ерусалим, за која во Советот за безбедност требаше да се гласа во вчера.
Спред американските медиуми, кои се повикуваат на израелски дипломатски извори, владата на Израел стапила во контакт со тимот за транзиција на Трамп, кога дознала дека Администрацијата на актуелниот претседател Барак Обама има намера да се воздржи од гласањето во Советот за безбедност.
Таквиот потег на Вашингтон би овозможил усвојување на резолуцијата на Египет, со која се бараше од Израел да прекине со изградбата на еврејските доселенички населби на териториите освоени по војната од јуни 1967 година, оценувајќи ја таквата постапка како прекршување на меѓународното право.
Трамп телефонски разговарал со Ал Сиси и притоа двајцата се согласиле дека треба „да и се даде шанса на новата администрација на САД да се справи со различните аспекти на палестинското прашање“.
Израелската јавност со воодушевување го пречека ваквиот расплет на осудувачката египетска резолуција, благодарејќи му на Трамп што овозможи „Израел одново да се чувствва голем“.
Администрацијата на Обама од подамна го осудува градењето нови населеби за еврејските доселеници на територијата што Израел ја смета за своја, но меѓународната заедница ја означува како „окупирана“.
Трамп претходно изјави дека мир меѓу Израел и Палестинците треба да се постигне преку директните преговори на двете страни, а не преку услови наметнати од ОН.
Одлуката на Владата во Каиро, не значи и целосно откажување од резолуцијата, затоа што постои можност четири други непостајани членки на Советот за безбедност- Нов Зеланд, Венецуела , Малезија и Сенегал, да ја обноват постапката, затоа што соопштија дека се согласуваат со резолуцијата.
Околу 500 илјади Евреи се населени во 140 населби на Западниот Брег и источен Ерусалим по седумдневната војна во јуни 1967 година, од кога овие две подрачја, заедно со Голанската Висорамнина, се под контрола на Израел.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
