-->
-->
Трајковски: Знаев дека мора силно да шутирам
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија освои голем бод на гостувањето кај Италија. На асистенција на капитенот Горан Пандев, стрелец на голот беше Александар Трајковски, што е негов 10.ти гол во дресот на македонската репрезентација.
- Постигнуваме добри резултати и градиме иднина за нашата држава. Знаев дека сум во ситуација да дадам гол, кога влегов во шанса си реков - ќе шутнам најсилно што можам. Дадов гол против еден Буфон, кој е голем голман. Прв гол против Италија, тоа е важно за мене. Успеавме да одиграме реми против селекција која е моќна. Покажавме дека не се плашиме и дека можеме. Младите ни донесоа додатна свежина, мислам дека со нив, ќе имаме поголема иднина и подобра, изјави стрелецот на голот Трајковски.
За постигнатиот резултат капитенот Горан Пандев изјави:
- Се браневме добро и чекавме шанса за контра. Така треба да се игра против големите репрезентации, во спротивно ќе примиш три до четири гола и нема да може да се вратиш во мечот. Имаме млади играчи во тимот кои растат и фудбалската иднина е светла.
Играчот на италијански Палермо Трајковски во квалификациите постигна два гола (првиот против Албанија во претходниот дуел) и е втор стрелец зад Илија Нестровски неговиот соиграч, кој е стрелец на четири голови за Македонија во квалификациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон