Свет
3. April 2017 - 18:14

Трагичен биланс: Девет загинати и над 20 повредени во Русија

Девет лица загинаа и над 20 се повредени при денешната експлозија во метро во Санкт Петербург, соопшти Информативниот центар на Националниот антитерористички комитет (НЦТЦ). 

Според првичните информации како последица од експлозијата во метрото во Санкт Петербург се загинати девет лица, а 20 лица се повредени. На сите повредени им е укажана медицинска помош, стои во соопштението на НЦТЦ. 

Претходно беше соопштено дека загинале десет лица, a 40 биле повредени.

НЦТЦ ги предупреди медиумите дека е забрането да шират шпекулации за експлозијата во метрото во Санкт Петербург. 

Претставникот на НЦТЦ Андреј Прежездомски нагласи дека Центарот соопштува за точна и проверена информација, наведувајќи дека „наскоро ќе биде објавено соопштение за настанот“. 

https://