Балкан
20. January 2017 - 10:29

Трагедија: Пронајдени мртви мајка и син, починале од глад и студ

Во населбата Лозовик во Смедерево вчера во попладневните часови се пронајдени замрзнати мајка и син.

Се претпоставвуа дека Анкица Т. (80) и нејзиниот син Жика Т. (51) починале од глад и студ.

Несреќните луѓе ги пронашол соседот кој не ги видел неколку дена.

Кога влегол во куќата, затекнал страотна глетка - во собата ја видел Анкица вкочанета и завиткана во ќебе.

Веднаш ја повикал полицијата која во другата соба го пронашла и мртов нејзиниот син.