Македонија
27. March 2016 - 11:06

Трагедија ја потресе Македонија: Заедно родени, заедно во смрт

Браќа близнаци загинале во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во скопска Кисела Вода, вчера околу 17 часот на улицата “Христо Татарчев”.

Несреќата се случила кога директно се судриле автомобилот во кој се возеле браќата и градски автобус број 24 на ЈСП Скопје.

На самото место загинаа браќата Никола С.(30) кој го управувал возилото и Љупчо С.(30) кој бил сопатник.

Повредени патници во автобусот нема, а причината за сообраќајката дополнително ќе се утврдува. 

Била ангажирана и пожарникарска екипа за да асистира во вадењето на телата од уништеното возило. Речиси два часа им биле потребни на пожарникарите за да ги извадат телата на загинатите, на кои биле видливи повеќе повреди и биле облеани во крв.

Според информации од МВР на повреди се пожалила и патничка од автобусот, но, нејзините повреди биле од полесна природа.

Неофицијално браќата со автомобилот брзале кон салата „Јане Сандански“ за да го гледаат натрпеварот Вардар - Висла што почнуваше во 18 часот.

Истрагата е во тек.