-->
-->
Тоти во недела против Џенова ја завршува кариерата
-->
Легендата на Рома, но и италијанскиот фудбал Франческо Тоти во недела ќе го одигра својот последен натпревар.
„Во недела против Џенова последен пат ќе го носам дресот на Рома. Не можам во неколку зборови да објаснам колку ми значат овие бои, колку ми значеа и колку секогаш ќе ми значат. Чувствувам како мојата љубов кон фудбалот никогаш нема да згасне“, напиша Тоти на својот „Фејсбук“ профил.
40-годишниот Тоти, ќе остане дел од тимот на Рома, но овојпат во улога на спортски директор.
Тоти во дресот на Рома дебитираше во 1993 година, а одигра 785 натпревари, на кои постигна 307 голови, што го чини апсолутен рекордер во дресот на „римската волчица“.
Само еднаш Тоти се радуваше на „скудетото“, кога во 2001 година Рома ја освои титулата шампион на Италија, додека два пати беше освојувач на Купот во 2007 и 2008 година, а со репрезентација на Италија ја освои титулата светски шампион во 2006 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци